До Институтот за јавно здравје пристигнати се 95 пријави за нови случаи на мали сипаници, со што вкупниот број заболени изнесува 1.175.

Оваа недела најголем дел од заболените се од Скопје–60 лица, додека останатите се од другите градови. Најголем број од заболените се на возраст од 4 години и лица над 30 години. Во однос на дистрибуцијата по возраст, најголема стапка за заболување има кај децата под 1 година. Досега во епидемијата се регистрирани 200 деца, кои се на возраст под 1 година, следните се на возраст од 1 до 4 години, а релативно висока стапка на заболување има и кај лицата од 30 до 39 години. Во однос на вакциналниот статус на заболените кои се пријавени оваа недела –тие не се вакцинирани. Кај децата на возраст од 4 години, повеќе од 90% од заболените се невакцинирани.

Вкупниот број вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата во целата држава изнесува 21.168 лица.

Комисијата за заразни болести на 16 април донесе заклучок да се прогласи епидемија на морбили (мали сипаници) на територија на цела држава.

OhridNews