Со пари на ЕУ од програмата за реконструкција на штетите од поплавите во 2015 година, интензивно се обновува и браната во Слатино, oпштина Дебрца, која попушти во 2013 година, од кога таму веќе нема езеро.
Проектот чини повеќе од еден милион евра. Реконструкција почна пред неколку месеци, а треба да заврши целосно до крај на септември.
Проектот за санација на браната во Слатино предвидува нов преливен систем кој е целосно направен, бидејќи стариот беше запоставен и уништен.
Браната Слатино е земјена, поради што е направена инјекциона завеса (инјектирање бетон во браната) со специјална технологија.
Финансиер на проектот е ЕУ, а имплементатор УНДП. Партнери се Водостопанство и општината. Целата програма на ЕУ во рамки на која се реконструира и браната Слатино изнесува 15 милиони евра. Покрај Слатино се реконструираат уште и браните Дренска, Мавровица и Липа.
OhridNews