Во Апелациониот суд во Битола пред малку заврши јавната седница на која се расправаше по поднесените жалбите на одбраната и обвинителството за случајот со убиството на српскиот турист Дејан Новаковиќ.

Адвокатите на обвинетите побараа ослободителна пресуда или враќање на предметот на повторно судење, а обвинителството бараше зголемување на казната.

Како што за OhridNews изјави Игор Кичеец, адвокат на дел од обвинетите, се очекува за две до три недели битолска Апелација да ја изработи и достави одлуката по жалбите на одбраната и обвинителството, кое денес побара да се одбијат жалбите на основниот јавен обвинител и на бранителите, како неосновани.

Претходно, Прилепскиот суд обвинетите ги прогласи за виновни за кривично дело „учество во толпа“. Митре Костоски доби затворска казна од 4 години, Илче Јоноски од 4,5 години, Драган Ѓорѓевиќ казна затвор од пет години, а Ѓоко Наумоски една година затворска казна.

OhridNews