Во идните два дена, се очекува земјава да го предложи својот претставник кој ќе работи во Меѓународната комисија на новата истрага за падот на претседателскиот „кингер“.

„Ќе има експерти од Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и САД. Откажано е само учеството на германските експерти, кои работеле на анализата на деловите во претходниот оспорен извештај.“ – вели шефот на комисијата, Омер Кулиќ.
Владиниот „кингер” со кој патуваше претседателот Трајковски на Меѓународна конференција за инвестирање во Босна и Херцеговина на 26-ти февруари 2004 година, се урна во атарот на Матиќ Брдо кај селото Хусковиќи во близина на Мостар.
OhridNews












