Во село Мешеишта деновиве интезивно се гради канализационата мрежа во должина од 8 километри.
Како што информираат од општина Дебарца, договорот за изградба на канализационата мрежа со фирмата изведувач е десет месеци, а се очекува до крајот на годината овој инфраструктурен зафат целосно да биде завршен со што конечно ќе се реши проблемот со преполнетите септички јами во селото.
Средствата за изградба на канализационата мрежа се обезбедени од Агенција за земјоделство и рурален развој во висина од 14.545.000,00 денари и претставува еден од поголемите инфраструктурни зафати во општината.
OhridNews