До петок се очекува да биде објавен оглас за издавање на билбордите. Секретарот на Општина Охрид Александар Китески потсети дека пред неколку седници беше донесена Одлука за краткотраен закуп на локации за билборди, потенцирајќи дека ќе се издаваат и локации за мали информативни табли кои досега не се наплаќаа.

Сега ќе се наплаќаат, затоа и постапката се одолговлекува. Се чека записник за точно да се утврди на кои локации, колку ќе се издадат. Со доаѓањето на градоначалникот Пецаков ние затекнавме состојба каде договорите беа истечени повеќе од осум месеци и после тоа почнавме нова постапка согласно Одлуката на Совет за издавање под закуп, вели Китески.

Додаде и дека информативните табли ќе бидат согласно Програмата донесена на Совет и нема да има билборди во делот каде имаше забелешки од УНЕСКО, односно на кејот.

Н.С.Ј.