Вечерва на полноќ завршува јавниот увид врз избирачкиот список за претседателските избори. Заклучно вчерашниот ден,непосредно со доаѓање во подрачното одделение на Државната изборна комисија во Охрид, правото за увид во изводите од избирачките списоци го искористиле околу 200 граѓани. Додека по основ и на остварување на правото на давање на потпис на листите за кандидати за избор на претстедател, тоа право го искористиле уште 2300 жители на општина Охрид, информира раководителот на подрачното одделение на Државната изборна комисија, Јелена Илиќ.

До денес во подрачното одделение сите активности, како во општина Охрид така и Дебрца, каде правото на увид врз избирачките списоци го оствариле 18 граѓани,  се одвиваат согласно законот и предвидените изборни активности, утврдени со роковникот од ДИК , вели Илиќ.

Досега до подрачното одделение поднесени се вкупно 18 барања за вршење на промена во избирачкиот список и тоа врз основ на издадени нови лични идентификациони документи или поради промени на адреса на живеење.

Според тоа очигледно е дека податоците генерално одговараат на податоците впишани во личните документи на граѓаните, потенцира Илиќ.

Увид во избирачкиот список може да се изврши и преку интернет страницата на ДИК. Заклучно вчерашниот ден ова свое право на ниво на Македонија го искористиле околу 80.000 граѓани.

Кампањата за претседателските избори почнува на 24 март, 20 дена пред изборите. На вториот круг од изборите на 27 април во земјата ќе се одржат и предвремени парламентарни избори, за што изборните рокови Државната изборна комисија ќе ги соопшти во следните денови. Првиот круг од претседателските избори закажан е за 13 април, а евентуален втор круг закажан е за 27 април. Кампањата на кандидатите за претседател започнува дваесет дена пред изборите.

Т.К.