Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб јужен ветер. По одделни котлини ќе има појава на слаба утринска магла.

Температурата ќе се движи од 17 до 24 степени.

До петок ќе преовладува релативно топло и стабилно време, по одделни котлини со слаба утринска магла. Во сабота и недела ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Во недела ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено повеќе ќе бидат застапени во северозападните и западните делови, каде на повисоките планини ќе има услови за повреемени врнежи од снег.

OhridNews