Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта претежно во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а попладне наместа повремено засилен до силен ветер претежно од јужен правец.

Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне 15 степени.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време, а температурите ќе бидат во постепено опаѓање. Врнежи од дожд ќе има денес во вечерните часови и утре. Поради продор на постуден воздух од север утре попладне на планините врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Во четврток и петок повторно ќе има врнежи од дожд.

Утринската температура ќе се спушти под нулата, а максималната ќе се движи помеѓу 4 и 10 степени.

Г.М.