Денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми и во северозападните делови ќе има појава на локален дожд, на повисоките планини слаб снег. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер, кој во западните делови повремено ќе засилува. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 9 степени Целзиусови, информира УХМР.
Под влијание на нов влажен бран во сабота од пладне и ноќта кон недела ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните и источните делови. Во ноќните часови на планините врнежите ќе бидат од снег, а во недела врнежи од слаб снег ќе има и на некои повисоки места. Од недела под влијание на северно воздушно струење температурите значително ќе опаднат.
OhridNews












