Доаѓањето на „Пејпл“  во Македонија, е во завршна фаза, изјави вчера во Скопје министерот за информатички технологи и администрација Иво Ивановски, посочувајќи дека регионот бил ставен на приоритетна листа на позната компанија за плаќање преку интернет.

-Според последниот допис од „Пејпл“, Македонија ќе биде опфатена со регионот, односно Србија, Албанија, Косово и Црна Гора,  односно во еден пакет сите земји ќе добијат „Пејпл“, наведе Ивановски.

Проблемот во системот на „Пејпл“, појасни Ивановски, е тоа што инвестицијата  што тие треба да ја направат за надградба на нивниот систем во Македонија е иста како што треба  да направат на пример за Индија, но кога ќе се земе предвид пазарот стратешки ним им одговара тоа да го направат за регионот.

OhridNews