Американец на кого пред 12 години му било транспалнтирано срце од самоубиец, на ист начин го завршил својот живот како и неговиот донатор, пукајќи си сам себеси во вратот. Едно срце двајца самоубијци, е темата на оваа бизарна приказна во американските медиуми.

За приказната да биде уште поневеројатна, 69 годишниот Sonny Graham, на кого своевремено му е трансплантирано срцето од Terry Cottl, се оженил со неговата сопруга Chery, која е сега двократна вдовица. Гога на Graham во 1995 година, поради проблеми со срцето, лекарите му предвиделе уште само 6 месеци живот, добил спасоносен повик од универзитетот во Јужна Каролина. Кажано му е дека на располагање имаат срце кое му припаѓало на 33 годишен маж.


После трансплантацијата посакал да ја запознае фамилијата на човекот што му го спасил животот, па со помош на донаторската агенција стапил во контакт со Cottl-овата вдовица Chery. Почначе да се допишуваат, потоа се запознале, заљубиле и на крај се венчале. Имале 6 деца од претходните бракови и 6 внуци. Така Graham-овиот чин ги шокирал сите што го познавале. Неговите пријатели велат дека не пател од депресија и не можеле ни да помислат дека е можно да изврши самоубиство.

Но научниците истакнуваат дека се чести случаите кога пациентот со пресаден орган превзема и некои особини од донаторот.