Мелиса Нелсон добила отказ на местото помошичка кај стоматологот Џејмс Најт бидејќи премногу атрактивно изгледала, а отказот го одобрил и судот во американската држава Ајова. Имено, судот одлучил во корист на стоматологот бидејќи според него изгледот на помошничката го загрозувал неговиот брак.
Мелиса како помошничка работела од 1999 година, но тој по повеќе од десет години ја отпушил бидејќи се облекувала премногу предизвикувачки и на тој начин му го одвлекувала вниманието од работата. Судијата Едвард Мансфилд објаснил дека во овој случај не дошло до кршење на човековите права засновани на полова дискриминација. Според неговото мислење, откаозт бил заснован на емоции и чувства и сакал стоматологот да го сочува својот брак и семејните вредности.