Добитникот на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата – СВП, јужноафриканскиот поет Монгани Вали Сероте, голем дел од својата поезија посветува на борбата на неговиот народ за слобода во времето на апартхејдот, и нему му ја подарува наградата што му ја доделува најпознатата поетска манифестација во светот.


Сероте смета дека наградата ќе изради мост на соработка помеѓу
Македонија и Јужна Африка, и најави дека тој ќе ја пренесе приказната за
нашата земја во татковината.

-Наградата што ми ја доделија Струшките вечери на поезијата, е награда за мојот народ каде и да се наоѓа во светот. За мене таа е од исклучителна важност. Но, исто така ме воодушевува тоа што го имате направено тука и сите мои сетила се отворени за да сфатам како успеавте да изградите ваков соживот. Македонците се луѓе кои знаат како да ги решат меѓучовечките односи и тоа јавно ќе го кажам кога ќе се вратам во мојата земја.-истакна Сероте.


На СВП годинава  учество ќе земат 120 поети од земјава и странство.

OhridNews