Навивачите, фудбалерите и тренерот на Барселона, Луис Енрике имаат голема причина за задоволство пред дербито со Реал Мадрид кое ќе се одигра в сабота со почеток во 16 и 15 часот.
Во комбинација за планетарното дерби, популарно како „Ел Класико“ се враќа капитенот на каталонците, Андрес Иниеста кој паузираше месец и пол поради повреда на коленото.
Првичните прогнози не ветуваа дека Иниеста ќе се врати за дерби средбата со Реал Мадрид, но капитенот ја надмина повреда и ја победи трката со времето.
„Кралевите“ во пресрет на големото дерби со Барселона имаат шест бодови предност на табелата. Победа е единствена опција за каталонците кои кикснаа во 13. коло ремизирајќи 1-1 со Реал Сосиедад.
OhridNews