Како што истакна пратеникот Харалампие Шокароски, целта е да се запознаат граѓаните за идните чекори кои ќе ги преземе владата во оваа област, кои секоја година се презентираат неколку месеци пред почетокот на туристичката сезона.
– Задоволен сум што во последниве неколку години преку владините активности и мерки се постигнаа значителни успеси за развојот на туризмот. Како охриѓани сведоци сме на зголемување на бројот на странските туристи преку субвенционирање на тур- операторите, субвенционирањето на нискобуџетните летови, како и подршката која им се дава на граѓаните кои се бават со оваа дејност, вели Шокароски.
Според кандидатот за градоначалник од ВМРО- ДПМНЕ, д- р Никола Бакрачески, клучот на успехот за развој на туризмот е комуникацијата помеѓу експертите од областа на туризмот, претставниците на локалната самоуправа и бизнис секторот.
– Наша цел е да промовираме европски вредности во функционирањето на идната локална самоуправа во овој дел преку подобра комуникација и поврзаност на сите субјекти кои се вклучени во развојот на туризмот, а со тоа да се изнајдат и подобри решенија. Се со цел- побогата туристичка понуда, изјави д- р Бакрачески.
Од Факултетот за туризам и угостителство потенцираат дека неопходно е да продолжи трендот за вклучување на експерти кои ќе работат на подготвување на законската норматива од областа на туризмот.
– ФТУ беше ангажиран во креирањето на стратегијата за развој на туризмот на РМ и морам да го изразам моето задоволство што бев лидер на таа група која работеше со француски експерти, при што дојдовме до документ кој е од круцијална важност воопшто за туризмот, а во тој контекст за и процесите кои ќе следуваат . Сведоци сме на многу зафати кои владата ги презеде во областа на сублимација на она што е добро за развојот на туризмот и во тој конктекст ме радува што врз основ на таа експертиза е формиран и комитетот за туризам на највисоко ниво , вели проф. Д- р Науме Мариноски од Факултетот за туризам и угостителство.
Пред присутните на трибината се обратија и пратеникот Александар Николоски, Дејан Паноски и Јованчо Секулоски.