Еден од најпознатите светски мулти-корпорациски брендови Coca-Cola му посака добредојде на капитенот на македонската кошаркарска репрезентација Перо Антиќ во тимот на Атланта Хоукс.


“Добредојде во нашиот роден град Перо Антиќ! Ти посакуваме маестрални игри со кои ќе ги направиш твоите македонски фанови  што е можно погорди и побучни”, се наведува на официјален фејсбук профил на Coca-Cola, кој е следен од над 70 милиони фанови.

Компанијата Coca-Cola е формирана токму во градот Атланта во федеративната држава Џорџија (Georgia), уште во далечната 1886 година.

Антиќ, кој во изминатите две години со Олимпијакос освои две титули во Евролигата,  деновиве потпиша договор со Атланта Хоукс на една плус една година.

Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација ќе го носи дресот на Хокси од крајот на октомври, кога и официјално ќе започне да го одработува новиот договор.

„Макфакс“