Реал Мадрид и Барселона со сите расположливи средства ќе се судрат в сабота на Сантијаго Бернабеу во дербито познато како „Ел Класико“.
Во тимот на Барселона покрај Лионел Меси ќе се врати и Иван Раќитиќ кој паузира од почетокот на ноември поради повреда на десниот зглоб.
Луис Енрике според шпанските медиуми нема да ризикува со Меси, а Ракитиќ најверојатно ќе стартува од првата минута.
Причини за задоволство има и Рафа Бенитез кој за „Ел Класико“ ќе може да смета на Кејлор Навас, Марсело и Кристијано Роналдо.
Пред супер дербито каталонците се лидери на табелата со три бодови предност од Реал Мадрид.
Ohridnews











