Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Лук Шо кој се здоби со двојна фрактура на ногата на дуелот со ПСВ во Лигата на Шампиони успешно е опериран во Холандија.


Во целата несреќа англискиот репрезентативец имал среќа што двете скршеници не предизвикале друга инфкеција со што дополнително би ги закомпликувале работите за докторите.

20-годишниот фудбалер на „црвени ѓаволи“ ќе паузира најмалку шест месеци, а докторите предвидуваат негово враќање на терените за девет месеци.


Речиси целата англиска и светска спортска јавност му изрази поддршка на Шо кој минатата сезона од Саутемптон се пресели на Олд Трафрод.

Мх.П.