Составот на Металург го претрпе третиот пораз во петтиот натпревар сезонава во Лигата на Шампиони, откако изгуби во Франција од тимот на Монпеље 28-18 (13-12).
Ракометарите на Металург маестрално го отворија мечот и го контролираа резултатот, но тоа не е доволно да се добие натпревар, особено не во ЛШ.
Од минута во минута, снагата на Металург опаѓаше, а домаќините го искористија тоа и на одмор заминаа со плус еден (13-12).
Мозаикот на Металург комплетно се сруши во вториот дел во кој постигнаа само шест голови, а примија 15.
Не функционираше одбраната, а нападот потфрли во секоја смисла на зборот, по што убедливиот пораз во Франција беше неизбежен.
Најпрецизен во тимот на Металург со пет голови беше Брајовиќ, еден помалку реализираше Пешевски, а на три застана Талески.
Шанса за реванш Металург ќе има во шестата рунда кога на домашен терен ќе го пречека францускиот состав.
OhridNews