Мечот со 11 Октомври и поразот на домашен терен од 2-1 е првиот жолт картон кој го добива Охрид. Што треба да научиме од поразот и какви поука треба да извлечеме?


Добро е што поразот дојде на седум рунди пред крајот, па да се кореиграат нештата има се уште време.

Добро е што усиените глави барем за момент ќе оладат и ќе сватат дека не се Барселона, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед или уште помалку Милан.

Добар е за младите и талентирани фудбалери на Охрид, да разберат дека фудбалот ниту почнал , а ниту ќе заврши со нив.


Добро е што на стадионот се собраа околу 3000 гледачи што го потврди фактот дека охриѓани го сакаат фудбалот.

Добро е да видат и раководните структури во градот и државата, пристуни на стадионот,  дека охриѓани го сакаат спортот и дека е време да се заангажираат (по)сериозно во неговото развивање.

Добро е да сватат сите дека импровизациите одамна не поминуваат и не ги даваат посакуваните резултати.


На жалост и поразот е составен дел од фудбалската игра, но добро е . . .

М.Постоловски