693 редовни студенти на државните универзитети ширум земјава, кои живеат во социјално загрозени семејства, ќе се стекнат со вредносни ваучери од 15.500 денари за набавка на компјутери – ова денес го истакна министерот за информатичко општество и администрација, м-р Иво Ивановски, при доделувањето на првите ваучерите на 270 студенти кои студираат на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

„Поради големата заинтересираност, Владата на својата последна седница донесе одлука за проширување на опфатот на студенти кои можат да аплицираат. Исто така, се зголемува и лимитот на месечните приходи на семејства со ниски примања, од 12.000 на 15.000 денари. За таа цел обезбедени се буџетски средства за тековната година во рамки на Министерството за информатичко општество и администрација.“ – истакна Ивановски.
Инаку, како што најавија од министерството, роковите за аплицирање се продолжени до 17-ти декември оваа година.












