Додека останатите славеа и го празнуваа Богојавление- Водици, екипите од јавното претпријатие „Охридски комуналец“ на терен го расчистуваа отпадот кој остана зад неколкуте илјади посетители на градскиот плоштад кои го проследија фрлањето на светиот крст.

За кратко време успеаја да ги подигнат бројните расфрлени пластични чаши од топла ракија, хартии, пластични чинии.

OhridNews