Во петок ќе се знае кога повторно ќе биде ставен во употреба апаратот за тромбо-тест во охридската Служба за трансфузиона медицина при Општата болница, кој поради дефект не работи од почетокот на годинава.

Како што информираат од службата, во меѓувреме додека се стави во функција апаратот, пациентите со важечки упати од матичен лекар, контролите  може да ги вршат  во Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“, во Заводот за дијализа во Струга, како и во струшката Општа болница.  

OhridNews