Овогодишни добитници на државната награда „Мајка Тереза“ што беше доделена во Домот на АРМ во Скопје, се хуманитарното здружение „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски“ и УК Детски театарски центар.

По повод 102-годишнината од раѓањето на големата хуманистка и нобеловка за мир, на плоштадот „Македонија“ во Скопје се одржа и чествување за Мајка Тереза, а беше премиерно  прикажан филмот „Живеејќи со Мајка Тереза“ на јапонскиот режисер и претседател на Јапонската филмска академија Шигеки Чиба.

ohridnews