Воочи празникот Богојавление- Водици, традиционално и оваа година, локалната самоуправа во соработка со општинскиот Црвен крст им додели хуманитарни пакети на 50 социјално загрозени семејства од Охрид.

Станува збор за 50 пакети со прехранбени артикли и средства за лична хигиена, според однапред направен избор од страна на Црвен крст, според точно определени критериуми. Со оваа акција сакаме за миг да им го олесниме секојдневието на овие луѓе и да допринесеме да го почуствуваат празничниот дух на Богојавление- Водици, изјави градоначаникот Никола Бакрачески.

Претседателот на Црвен крст- Охрид, Сашо Точков изрази благодарност за одличната и се поплодна соработка со локалната самоуправа со чија подршка постојано се реализираат слични хуманитарни активности.

Се надевам дека оваа година ќе имаме што помал број на социјално загрозени граѓани. Соработката продолжува, отворени сме и соработуваме во сите сегменти, рече Точков.

Градоначалникот Бакрачески потенцира дека активностите за помош на најзагрозените категории граѓани продолжуваат и понатаму, се со цел подобрување на квалитетот на животот на граѓаните и справување со сиромаштијата.

Т.К.