Во рамки на акцијата „Даруваме радост на првачињата“ од страна на општинскиот Црвен крст доделени се 60 училишни пакетчиња за првачињата со социјален ризик во основните училишта во Охрид и Дебрца.

Средствата за подготовка на пакетите беа обезбедени од страна на младите волонтерите од Клубот на млади Црвен крст Охрид  со свирење и пеење на плоштад и со поставени кутии за донација на прибор во сите книжари.

Во акцијата учествуваа и Никола Буџакоски и Michael Sommersperge кои во соработка со „Културолошка Иницијатива 5 до 12“ од настанот „Академија на Хуманоста” донираа средства за 20 прибори.