Со пригодна свеченост на сцената од Долни Сарај, вчеравечер беа доделени дипломите на матурантите од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“.

Не секогаш полесниот пат ќе ве однесе до успехот. Немојте никогаш да се трудите да бидете подобри од другите, туку трудете се да бидете подобри од тоа што сте биле вчера. Немојте да се мерите со другите бидејќи сите сме различни и секој од нас го постигнува својот максимум. Пред вас е ново поглавје од вашиот живот, поглавје во коешто ќе треба да го дадете вашиот максимум за да оставите белег со вашите достигнувања. Вашето понатамошно образување нека ви обезбеди стабилна иднина, но немојте да се трудите да стекнувате само материјални богатства, туку трудете се да стекнувате пријателства и да бидете пред сẻ добри луѓе. Бидете секогаш љубезни и великодушни спрема луѓето коишто ќе ви се најдат на патот, посочи Јанкоски.

Вложувајте во вашето образование бидејќи само така ќе можете да му го покажете на светот вашиот потенцијал, кој ќе ви овозможи стабилен живот и успех во кариерното напредување. И на крај, што и да одлучите да бидете, пред се бидете луѓе со чисто срце, луѓе коишто своето место ќе го бараат со знаење, посветена работа и трудољубивост, додаде Јанкоски.
Доделени дипломите на матурантите од економското училиште
OhridNews


















