Доделени наградите на 51. издание на Струшките вечери на поезијата
27.08.12 00:03
Годинашниот лауреат на Струшките вечери на поезијата, јужноафриканецот Монгани Вали Сероте, вечерва го доби златниот лавров венец. Ова највисоко признание на фестивалот му го врачи претседателот на Управниот СВП Славе Ѓорго Димоски.
Сероте е 47-тиот добитник на наградата. Филигранскиот венец првпат е доделен во 1966 на рускиот поет Роберт Рождественски за најдобра песна, а од 1971 година, кога лауреат бил американскиот поет Вистан Хју Одн, Златниот венец се доделува за творештво.
На меѓународниот поетски митинг „Мостови“, што традиционално се одржува на Мостот на поезијата во Струга, се доделуваат и наградите „Браќа Миладиновци”, „Мостови на Струга“ и „Иселеничка грамота“.
На 51. издание на Струшките вечери на поезијата што почна во четвртокот, а завршува на 28-ми овој месец, учествуваат 60-тина домашни и исто толку странски поети од Азербејџан, Шпанија, Франција, Индија, Куба, Ирак, Сирија, Мароко…
Изминатите денови во рамки на фестивалот беа промовирани повеќе изданија, се одржаа „Ноќи без интерпукција“, а беше претставено и творештвото на лауреатот Сероте.
Манифестацијата продолжува утре и задутре со шетање на учесниците низ повеќе градови во државата, а ќе биде заокружена во вторник со прогласување на Сероте за почесен член на Друштвото на писатели во Скопје.
Во сообраќајна несреќа што се случила вечерва на булеварот “Туристичка” во Охрид, повреден е малолетен пешак Според првичните информации од истрагата, при обид да го премине булеварот н...
Во рамки на деветтата вечер на „Summer Comedy Marathon“ вчеравечер беше изведено шоуто „Comedy Jam“ во Џез Ин Комичарите Никола Тодороски, Никола „Братучед“ Сиљаноски и Зоран Донев приредија спонта...
На 30072025 во периодот од 0200 до 0400 часот, полициските службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, извршија засилени контроли во водите на Охридското Езеро со цел спр...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.