На градскиот плоштад во Охрид денеска се одржа голема хуманитарна манифестација на која беа поделени над 3.500 новогодишни пакетчиња за дечињата од охридската градинка, првачињата од основните училишта во Охрид, како и дечињата со посебни потреби.

Детските насмевки се најголемата потврда дека заедништвото, солидарноста и грижата за другите се вистинските вредности кои треба да ги негуваме, особено во празничниот период, истакна градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.

Општина Охрид и понатаму ќе биде силен поддржувач на вакви хумани активности кои носат надеж, топлина и поддршка таму каде што е најпотребно. Во духот на празникот „Свети Никола“, заедно со Македонската православна црква – Дебарско-кичевската епархија, „СОС Балкан Медиа“ и општествено одговорните компании, испраќаме јасна порака на љубов и солидарност, рече Пецаков.

Плоѓдатот во Охрид во наредниот период ќе биде сцена на која ќе се одржуваат бројни настани кои ќе бидат во духот на празниците.

OhridNews