Со изведба на новогодишните песни, дечињата од „Распеано рибарче“, го најавија завршниот настан од традиционалната хуманитарна акција на Црвен крст Охрид, „ВОЛШЕБНА ЕЛКА“ кој вчера се одржа во Ohrid Mall.
Бројни наши хумани сограѓани, институции, здруженија, поединци, се вклучија во оваа хуманитарна акција, исполнувајќи ги новогодишните желби означени во волшебните лампиони и обезбедија соодветни подароци кои волонтерите на Црвен крст Охрид, ги доделија на повеќе од 80 дечиња што живеат во социјален ризик, кои не ја криеја својата возбуда и задоволство од добиените подароци и можноста да се сликаат со Дедо Мраз, велат од Црвен крст Охрид.

OhridNews















