Со свеченост што се одржа вчера во просториите на Црвен крст Охрид, пригодно беше одбележан Светскиот ден на крводарителството.

На свеченоста на која присуствуваа претседателката на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска и секретарот на општина Охрид, Игор Бежоски на охридскиот крводарител Борче Матески му беше врачена благодарница за педесет дарувања.

 

Признанија, плакети и благодарници беа доделени и на други повеќекратни крводарители, поединци, фирми и институции кои придонесле за развој и унапредување на крводарителството во Охрид и Дебрца.

Одбележан Светскиот ден на крводарителството

OhridNews