Вчера во просториите на Факултетот за туризам и угостителство, беа доделени сертификатите за претставниците од осигурителните компании, кои учествуваа на семинарот за управување со ризици.
Изминативе два дена, еминентниот професор Д- р Томас Аиупа на семинарот говореше за ризиците кои се преземаат во работењето, финансирањето, односно ризиците поврзани со технолошките промени и компетитивниот пазар.
На професорот Аиупа раководителот на катедрите за гастрономија и хотелско-ресторански менаџмент на ФТУ во Охрид, проф. д-р Ангела Василевска, во знак на внимание му подари висококвалитетно вино од нашето поднебје.
Инаку, Томас Аиупа е долгогодишен професор на Универзитетот Висконсин и експерт за управување со ризици од САД.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com