Општина Охрид во соработка со Црвен Крст – Охрид, денеска, додели 40 пакети со прехранбени производи и средства за хигиена на социјално-загрозени семејства од Охрид. Пакетите ги додели заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев.

Денешниот настан е продолжување на хуманитарната акција што по повод неделата на солидарност и  Велигденските празници  на крајот од месец април ја организираа општина Охрид и Црвен Крст.

OhridNews