Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на 3 септември, среда, на церемонија што ќе се одржи на платото пред црквата „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник, во Охрид, ќе се обрати и ќе го врачи признанието „Инженерски прстен 2025“.

Признанието им се доделува на најуспешните студенти коишто дипломирале на факултетите што негуваат инженерски дисциплини на четирите државни универзитети. „Инженерски прстен 2025“ годинава се одржува по 22. пат, а наградата ќе ја добијат 14 млади инженери од различни области.

Оваа манифестација е во организација на Инженерската институција на Македонија и на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, и под покровителство на претседателот на државата.

OhridNews