
Општинскиот комитет не соопшти кои се мотивите за посетата на Додовски и зошто прес конференцијата се закажува во вечерните часови.
Се очекува лидерот на ВМРО НП да соопшти евентуално кого од двајцата кандидати за градоначалник на Охрид ќе поддржи партијата која освои околу 1300 гласови во трката за прв човек на градот во првиот круг од изборите.











