Една корисничка на интернет страната за запознавање “OkCupid” отворила необичен профил и ставила фотографија за која се смета дека не е нејзина. Се опишала на необичен начин, а на нејзината креативност паднале многу момчиња. За себе навела дека е бисексуалка и дека има 23 години.


Со многу од момчињата се допишувала преку интернет. Договорила состанок со 15 од нив за во исти ресторан и во исто време. Девојката не се појавила, а момчињата на време сватиле за што се работи бидејќи забележале како многу од нив нервозно гледале во часовникот како некој да чекаат. Никој од нив не се налутил, но им било жал што нема да ја запознаат девојката во живо.