За ангажирање на механизација, работници, сол и чакал за чистење и за прскање на улиците во зимски услови, оваа сезона ќе се потрошат 538 милиони денари, односно 8,7 милиони евра. Oва се наведува во истражувањето и базата на податоци на трошоците за зимско одржување на патиштата за сезоната 2020/21, што денеска ги објави Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).
Тендери за оваа намена имале 41 општина и Градот Скопје, 6 локални јавни претпријатија и државното јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Македонијапат. Само ова претпријатие има склучено договори за јавни набавки за зимско одржување оваа сезона во вредност од 5,7 милиони евра што е две третини од сите пари што ќе се потрошат за оваа намена.

Општина Охрид за оваа намена, преку тендер склучила договор со локална фирма од с. Куратица во вредност од 6650 евра, додека проценетата вредност на набавката на индустриска сол за зимско одржување на ЈП „Охридски Комуналец“ изнесува 1 милион денари или колу 16.000 евра. За разлика од Охрид, Општина Струга за зимско одржување, до сега склучила осум договори во вкупна вредност од 81.300 евра. Општина Дебрца, според истражувањето, за истата намена склучила договор во износ од 19.187 евра. Податоците се изведени од Електронскиот систем на јавни набавки, информира ЦГК.

Покрај оваа фирма, која вкупно има 4 тендери во вредност од 7,5 милиони евра, меѓу фирмите со највредни договори се и Ган-Логистик од Тетово со 1,2 милиони евра и скопски Аполо Инженеринг со 1 милион евра, се наведува во истражувањето на ЦГК.
OhridNews











