Договорот за промена на името, меѓу Македонија и Грција, денес ќе биде ставен во процедура за ратификација пред пратениците. Претседателот на Собранието, Талат Џафери очекува истиот да биде ратификуван до крајот на неделата.
За законот да го помине филтерот за ратификација треба да има мнозинство од 61 пратеник. Предлог – законот за ратификација доби европско знаменце, со тоа, ќе се ограничат дискусиите, па по гласањето, ќе се разгледува во Комисијата за европски прашања каде претседател е Артан Груби.
Додека трае процесот на разгледување и гласање, пред Собранието се очекуваат нови протести против договорот, што беше најавено во текот на синоќешните протести. Утрово се забележува зголемено полициско присуство пред парламентот.
OhridNews