Дојавата за поставена бомба на аеродромите во Охрид и Скопје, е лажна соопшти полицијата.

Согласно безбедносните процедури, веднаш по дојавата, специјалните антитерористички тимови на МВР извршиле детална проверка на аеродромските згради во Охрид и Скопје, при што било утврдено дека таму нема никаква екскплозивна направа.

Додека траела проверката вработените на двата аеродроми и патниците биле евакуирани. По завршување на проверката работата на аеродромите во Охрид и Скопје е нормализирана и најавените летови се реализираат според најавениот распоред.

Како што веќе информиравме, на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид денеска се очекува да бидат реализирани седум чартер летови од Базел и Цирих, со кои доаѓаат државјани на Македонија за да гласаат на локалните избори.