Француска ТВ екипа од телевизија ТВ5 сними триесет минутен документарен филм за спортско рекреативен риболов на Охридското Езеро.

Филмот ќе се емитува во телевизиска размена и на телевизијата Раи Уно. Поради забраната за риболов со чамец на Охридското Езеро ќе бидат искористени постари снимки од архивата на Срк Свети Апостол Петар и Рибарска Вистина.

Моравме да се снаоѓаме и  Французите ги убедувавме дека е период на мрест и затоа  не може да снимаме  риболов на езерото со чамец.  Ако ги кажевме дека опстанокот на некои риби во езерово е загрозен и дека рекреативниот риболовот е забранет во наредните неколку години , немаше ништо да постигнеме само ќе нанесевме штета на Македонија и Охрид . Француската екипа го сними процесот на вештачкиот мрест кој го спроведува Хидробиолошкиот институт . Снимаше и изјави на стари рибари и изјави на лица од надлежни државни институции што ќе преземат за развој на риболовниот туризам – вели Радован Димитириески до СРК Свети Апостол Петар.

Најповеќе французите биле изненадени кога разбрале дека првите записи за мушичарење и првата мушица потекнуваат од Македионија. Во сите Светски енциклопедии за мушичарење запишано е – првите записи за овој вид на риболов потекнуваат од Македонија. Првиот автентичен пишан текст за мушичарење и за првата мушица се наоѓа запишан во делото „Де натура анималум” напишано некаде пред 1800 години, од  Цлаудиус Аелианус (170-230 г.н.е)  Римски патописец и учител  роден во Палестрина во близина на Рим. Во своето дело „За природата на животните“ составено од 17 книги , за првпат се опишува мушичарењето и првите мушици во Светот, односно како Македонците со мушица ловеле пастрмки. Во третата книга запишано е:  – Помеѓу Берчеа и Солун тече река Астраус (сливното подрачје на реката  Струма)  во неа живеат риби со пеги на  кожата . Како точно ги викаат прашајте ги Македонците кои живеат таму

Посебно специфичен е риболовот на охридската пастрмка со блинкер на влечење и се разликува од слична риболовна техники таканаречена  „ Тролинг“ и може да привлече риболовци од  Европа. Само во Европа има армија од над 20 милиони риболовци желни за авантури. Ние се залагаме риболовот на пастрмка со блинкер на влечење да се дозволи  за туристите и тоа само под условите фати-пушти. Собраните пари да се употребат за порибување и физичка заштита на рибниот фонд. Не бараме ние да го контролираме риболовот со блинкер,  нека го контролира институции на државата или локалната самоуправа,  бараме само да се дозволи овој вид риболов за да имаме поголема понуда за развој на риболовен туризам – рече Димитриески.

Рибарите  велат ако после прикажување на документарецот има интерес за риболов на Охридското Езеро, пошто е забранет риболов од чамец на Охридско Езеро заинтересираните  туристити – риболовци ќе мора да ги водиме да риболоват на Албанскиот дел од езерото каде е дозволен риболов од чамец, и риболов на охридска пастрмка со блинкер на влечење. 

М.П.