Златан Ибрахимовиќ против Нант на „Паркот на Принцовите“ во последното коло од француската Прва лига ќе го одигра последниот натпревар во дресот на Пари Сент Жермен.


Шведскиот репрезентативец своето заминување од ПСЖ го најави претходно, а го потврди денеска на своите официјалните профили на социјалните мрежи поставувајќи слика од стадионот со порака „Дојдов како крал, заминувам како легенда“.

Ибрахимовиќ во ПСЖ пристигна од Милан септември 2012 година, а во четири годишниот престој во градот на светлината освои исто толку титули во националниот шампионат, три во Лига Купот и една во Купот на Франција.

Се уште не се знае каде ќе ја продолжи кариерата Швеѓанецот иако често се поврзува со Манчестер Јунајтед.

OhridNews