Нова студија објавена во списанието Journal of the National Cancer Institute ја докажала поврзаноста на исхраната богата со заситени масти и зголемениот ризик од најчестиот тип на рак на дојка.

Откако мала италијанска студија пред неколку години ја довела во врска исхраната богата со маснотии и ракот на дојка, научниците одлучиле случајот подетално да го испитаат.

После анализата на преку 300 илјади жени во десет европски земји, се потврдило дека исхраната богата со заситени масти е поврзана со поголем ризик од естроген рецептор-позитивен рак на дојка.

Со оглед дека е познато дека маснотиите го зголемуваат нивото на естроген во телото, авторката на студијата Сабина Сиери, ги смета овие резултати за доказ дека естроген рецептор – позитивен рак на дојка е почесто под влијание на надворешни фактори за кои се знае дека влијаат на метаболизмот на естрогенот, отколку што се сметало претходно.

“Минатите студии не успеале да пружат силен доказ кој би ја поддржал таа врска, бидејќи се усредоточувале општо на ракот на дојка, а не на одреден подтип“, објаснува.

Уште една можна причина е влошената инсулинска резистенција, вообичаена последица на исхраната богата со заситени масти.

“Треба уште многу да се работи на врската помеѓу заситените масти и нивото на хормони за да се докажат двете теории“, заклучува.

Во секој случај, ова е уште една причина заситените масти да ги замените со здрави количини на мононезаситени масти, како оние кои ги имаат авокадото или маслиновото масло.

 

извор:magazin.net.hr