Во недела на 25-ти ноември, студентите, апсолвентите и постдипломците од земјава ќе се натпреваруваат во програмирање на есенската сесија на CodeFu 2012.

На натпреварот кој е закажан во 12 часот, учесниците ќе можат да ги докажуваат своите програмерски способности преку решавање на комплексни проблеми.

По еден iPod ќе добијат победникот и еден учесник по случаен избор, кој има позитивен број на поени. Инаку во текот годината, покрај главниот натпревар се одржуваат и четири сезонски наптревари, „communitу“ наптревари како и „shortest solution“ натпревар.

OhridNews