
Тој го посочи инцидентот со плакатите на неговата партија кои уредно биле залепени на место предвидено тоа, а кои непосредно потоа биле одлепени и уништени од страна на активисти од друга партија. Тоа се хулигани кои не му мислат добро на Охрид, рече Доко.
Исто така Доко посочи дека на 17 март за време на реконструкција на улица во населбата Воска биле пресечени три брези во непосредна близина на стадионот „Грашница“ на кој настапува ФК „Воска“. Јас го водам тој тим кој иако е градски од општината нема добиено никаква помош, рече Доко.
Кандидатот за градоначалник на Нова Демократија се пожали и на лошата презентација на една од локалните телевизии. Сето тоа беше снимено и реализирано многу лошо и за жал граѓаните не можеа да ги чујат пораките кои јас сакав да ги упатам кон нив, рече Доко.











