
„Доколку до почетокот на летото не ни бидат издадени решенија за денационализација, за што имаме и судски решенија, ние ќе влеземе сами во автокампот и ќе ги околчиме нашите имоти“, ни изјави Ѓорѓи Танески, претседател на Од Здружението за враќање на одземените имоти од Пештани.
До истекот на крајниот рок поставен од владата, 30 јуни, Општинстата комисијата за денационализација во Охрид треба да реши над 500 барања за враќање на имот. До овој момент таа има решено само 48% од предметите со што општина Охрид се вбројува меѓу најнеефикасните во процесот за денационализација.Ова меѓу другото беше истакнато на работната средба што во организација на општинската комисија за денационализација се одржа денеска во Охрид.
ќе се забрзува процесот на денационализација во Охрид ?
На средбата присуствуваа градоначалникот на општина Охрид, претставници на општинската администрација, претставници на Министерството за финансии , надлежните подрачни служби на одделни министерства, Државниот завод за геодетски работи, државниот Правобранител за подрачјето на Охрид, претседателот на основниот Суд во Охрид, Државниот Архив, Управата за имотно-правни работи, УЈП, и други.

Како што информираше претседателот на Општинската комисија за денационализација во Охрид, Славко Лазовски, постојат повеќе сложени предмети кои го кочат процесот на денационализација. Тој како најсложени ги посочи враќањето на имотите во сегашните автокампови „Градиште“ и „Елешец“, Детската болница, како и зелените појаси во централното градско подрачје и површините на „Градинар“.
Г. Момироски












