Во случај на прекршување на одредбите од Изборниот законик за време на претстојните претседателски избори ќе следуваат високи казни за медиумите и одговорните лица, кои ќе се движат и до 5000 евра.

Согласно законот за изменување и дополнување на законот за изборниот законик, во текот на изборната кампања на политичките субјекти им се забранува сечење ленти, отварања или започнување на градба на инфраструктурни објекти. Медиумите кои ќе информираат за изборите, треба да обезбедат правичност, избалансираност и непристрасност, еднакви услови за пристап во сите облици на изборното медиумско претставување, а програмите за малолетници да не се користат за изборно медиумско претставување.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска во Охрид одржа обука за обврските на радиодифузерите, кои произлегуваат од Изборниот законик. Во рамки на обуката, радио и телевизиските програмски сервиси од регионов беа запознаени со Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборниот процес.

Петтите претседателските избори во Република Македонија се закажани за 13-ти април.

OhridNews