На средбата, меѓу другото, се разговараше и за мерките за поголема безбедност на вода и заштита од кражба.Од страна на присутните беше укажано на неопходноста од почитување на законските прописи по законот за внатрешна пловидба за безбедност на вода, со цел зголемување на безбедноста на Охридското езеро и доследна примена на овластувањата на секој надлежен субјект.
На средбата присуствуваа и претставници од општинските инспекторати, државниот пазарен инспекторат, управата за јавни приходи, од охридската капетанија, од агенцијата за промоција и подршка на туризмот, од едриличарската федерација на Република Македонија, концесионерите на плажите, од угостителските објекти, од локалниот совет за превенција, како и претставници на мисијата на ОБСЕ во Република Македонија.