86 отсто од граѓаните во земјава, не знаат како да поднесат приговор за одредени рекламации на поштенските услуги, покажуваат најновите истражувања на Агенцијата за пошти. Со воведување на стандардот на рекламации преку кампањата „Имаш право на приговор – оствари го!“, се предвидува глоба од 5000 евра за Македонски пошти, во случај на ненавремено и нецелосно одговарање на приговорот на корисникот.
Според Агенцијата за пошти, целта е да се подигне степенот на одговорност на Македонска пошта како главен носител на овој услужен сектор. „За нивото на квалитет на испорачаните услуги во корист на испраќачите и примачите на пратки, се одвива постапката за имплементација на стандардот за рекламации. Предвидена е глоба од 300 000 денари за ненавремено одговарање на рекламацијата“ – појаснуваат од агенцијата.
Директорот на оваа агенција, Влатко Атанасовски, потенцира дека бројот на рекламации и годишниот обем на услуги на Македонска пошта е занeмарлив. „Бројот од 0,005 проценти е сосема мал, а единствено логично објаснување е дека корисниците не знаат дека можат да поднесат приговор за изгубени и задоцнети обични писма“ – вели Атанасовски.
Истражувањето на задоволството на корисниците на услугите на поштенските оператори за годинава покажува дека 22% од анкетираните граѓани воопшто не се информирани за услугите на Македонска пошта, 25% добиваат информации од нејзините шалтери, 22% од пријатели или соработници, 18% од медиумите, а 13% од вработените во Македонска пошта.
Општина Охрид потпиша договор со колективниот постапувач за текстилен отпад Тексомак, со што официјално започнува процесот на селекција и организирано управување со текстилен отпад на територијата ...
Променливо облачно со сончеви периоди и претежно тивко Во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла Во северозападните делови повремено ќе има зголемена облачност со услови за сла...
Општина Охрид подготви богата забавна програма по повод претстојните новогодишни празници На 31-ви декември на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во пресрет на дочекот на Новата 2026 годин...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.