Концесионерот на Слатинско Езеро е сериозно загрижен за последиците по рибниот фонд, кој во голем дел може да угине доколку попушти оштетената земјена брана.

-Доколку неконтролирано се излее езерото, ќе се случи најнепосакуваното. Во тој порој рибата ќе биде повлечена,  и ќе оди по коритото на реката Сатеска, дел ќе заврши низ нивите, а очекуваме еден дел да дојде до Охридското Езеро, но никој не може да процени сега колку риба ќе угине.-изјави Љубен Арнаудов, концесионер на Слатонско Езеро.

Концесионерот предложил мерки за спас на рибниот фонд, но од безбедносни причини не му било дозволено да влезе во езерото и да изврши излов на рибата, со цел да ја пренесе на безбедно место. Без оглед како ќе заврши актуелната криза, браната на Слатинското Езеро ќе мора да се санира, што подразбира празнење на езерото, а тоа повторно го доведува во прашање опстанокот на рибниот фонд.

-Доколку се прави нова брана ќе мора целото езеро да се испушти. Во тој случај ќе треба да се излови рибата со влак. Постои опција дел од неа може да се пренесе  во езерото кај Требеништа, или со концесионерот на Охридското Езеро да се направи договор таа риба да ја излови и да ја понуди на пазарот, а за возврат да ни компензира во нареден период одредена количина на риба.-додава Арнаудов.

Слатинското Езеро е богато со мрена, плашица, пастрмка, јагула, грунец…

OhridNews